Стефано Доменикали нов шеф на Формула 1

Поранешниот шеф на Ферари, Стефано Доменикали, ќе ја преземе функцијата извршен директор на Формула 1 од Чејс Кери. Во моментов Доменикали е извршен директор за спортски автомобили во Ламборџини.

Кери кој е на чело на Ф1 откако американската групација „Либерти Медиа“ го презеде шампионатот ќе остане на лидерска позиција, но во форма која дополнително ќе биде одредена.

Доменикали го презеде Ферари од Жан Тод сегашниот претседател на ФИА на крајот од 2007 година, а си замина во 2014 година.

Се вчитува...