Стефано Пиоли нов тренер на Фиорентина

Стефано Пиоли во наредните две години ќе биде на кормилото на Фиорентина, со опција да се продолжи договорот на уште една година. Пиоли добро го познава познава клубот од „Артемио Франки“, во минатото ги бранеше од 1989 до 1995 година, исто така  беше носител на капитенската лента.

„Раководството со задоволство го претставува Стефно Пиоли за нов тренер на Фиорентина, кој во следните две години ќе се обиде да остварува позитивни резултати со своите фудбалски знаења. Целиот персонал на клубот заедно со управата му посакува среќна работа на Пиоли“ – објави официјалниот веб портал на клубот.

За Пиоли ова ќе биде 12. ангажман како тренер на италијански клуб. Во неговите активни фудбалски денови покрај Фиорентина го носел дресот на Јувентус, Верона, Падова, а кариерата ја започна во Парма. Италијанскиот стратег ќе биде претставен на јавноста утре на стадионот „Артемио Франки“.

Се вчитува...