Доаѓа нова ера во фудбалот: Клубовите ќе се потпираат на вештачка интелигенција? (ФОТО)

До сега клубовите се потпираа на скаути, инстинкт на тренери и управата на клубот кога се во прашање новите засилувања, но следи нова ера во која улога ќе има и вештачката интелигенција.

Американската компанија „Аи Абакус“ го претстави својот нов систем кој скаутира играчи според нивните техники, тактики, како и физичките и менталните карактеристики. Како што велат, толку е добар што дури ја предвидува и атмосферата во клубот по победа или пораз доколку се доведе одреден играч.

Кои се засилувањата кои овој систем ги предлага за „Топ 6“ тимовите во Англија? За Манчестер сити најдобра опција е Ерлинг Халанд, за Ливерпул – Дајо Упамекано, Џулијан Брант му е потребен на Манчестер Јунајтед, Флоријан Нојхаус добро би му дошол на Арсенал, Челси треба да се насочи кон Адриан Феин, додека најдобрата замена за Кејн во Тотенхем е Брел Емболо.

Се вчитува...