Стигна и првата понуда за Мо Салах: Од цифрите „боли глава“!

Се, кога е во прашање Ливерпул изминативе денови, е поврзано со Мохамед Салах и неговата одлука јавно да го прозива тренерот Арне Слот, по што за Египќанецот настана вистински хаос со „отстранувањето“ од тимот.

Салах одлучи јавно да проговори и да каже дека повеќе нема никаква врска со Слот по ремито на Ливерпул од Лидс, во кое не доби можност за настап.

Па, сега, и тоа како е веројатно дека Салах ќе го напушти Енфилд веќе во јануари и со тоа да го напушти клубот каде што е практично легенда.

Мо Салах исто така имал и интересна средба која се обидел да ја сокрие од јавноста. Салах не беше во составот на Ливерпул за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер во Италија, па се сретнал со својот поранешен соиграч од Ливерпул, Џордан Хендерсон во Лондон од кого, наводно, барал совет како да се однесува понатаму на „Енфилд“.

Веднаш по целиот случај се јавија и бројни клубови заинтересирани за ангажман на Салах, кој ќе патува на Африканскиот куп на нации за неколку дена, па прашањето е дали некогаш ќе се врати на „Енфилд“ како играч на Ливерпул.

ПОНУДА ОД САУДИСКА АРАБИЈА ЗА ПЛАТА ОД 2,85 МИЛИОНИ ФУНТИ НЕДЕЛНО

Саудиските клубови Ал Хилал, Ал Кадиса и Неом се три клуба кои истакнаа отворен интерес за него, а тука се и Сан Диего и Чикаго Фајер од Америка.

Клубовите од Саудиска Арабија наводно се подготвени да му понудат на Ливерпул околу 85 милиони евра за трансферот на Салах оваа зима. А кога станува збор за договор за Салах од клуб од Саудиска Арабија, кој не е именуван, понудата е веќе на маса.

Имено, Англичаните тврдат дека тимот од Саудиска Арабија веќе ставил официјална понуда на масата на Мохамед Салах.

Така, Салах наводно би заработувал дури 2,85 милиони евра неделно, или речиси 12 милиони фунти месечно, што секако не е нешто за кое Египќанецот долго би размислувал.

Се вчитува...