Стигна извинување: Голот на Манчестер Јунајтед против Нотингем морало да биде поништен

По жестоките реакции од јавноста и стручните коментатори, шефот на судиската организација на Премиерлигата Хауард Веб, призна дека голот на Манчестер Јунајтед против Нотингем Форест требало да биде поништен.

Спорната ситуација се случи веднаш по израмнување на Нотингем на 1:1, а Манчестер Јунајтед веднаш поведе преку Куња, но на целата акција претходеше очигледна игра со рака од страна  на Брајан Мбуемо.

И покрај протестите на играчите на Нотингем, судијата Мајкл Солсбери и ВАР судијата Мет Донохју, одлучија голот да биде признат.

Контроверзната ситуација предизвика лавина реакции во Англија. Реагираа дури и поранешни играчи на Јунајтед, особено Гери Невил и Рој Кин, кои кажаа дека голот требало да биде поништен.

Стигна и официјална потврда дека голот требало да биде поништен. Хауард Веб го контактираше Нотингем Форест и испрати извинување до клубот.

Се вчитува...