Стипе Мандалиниќ го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Стипе Мандалиниќ го продолжи договорот со Пелистер до јуни 2022 година. На половина од неговата прва сезона во Битола, Мандалиниќ и клубот во дојдоа до продолжување на соработката и за сезоната 2021/22.

Мандалиниќ се наметна со својот капацитет, квалитет и харизма и по шест официјални натпревари беше најдобар стрелец на Еурофарм Пелистер оваа есен. Одигра 21 натпревар за екипата и веднаш стана миленик на битолските љубители на ракометот. На Струшкиот турнир во август беше прогласен за најдобар ракометар.

28-годишниот хрватски интернационалец играше за Фуксе Берлин од 2017 до 2020 година, а претходно ги носеше дресовите на Загреб, Карловац и Сплит. Со хрватската репрезентација има бронза од Светското првенство во Шпанија во 2013 година.

Се вчитува...