Стив Кер и Голден Стејт Вориорс воодушевени од Дени Авдија

Дени Авдија воодушеви на тренингот во Атланта каде го скаутираа членовите на стручниот штаб, Голден Стејт Вориорс на чело со главниот тренер Стив Кер.

„Стив Кер и останатите членови на Вориорс го гледаа тренингот на Дени Авдија во Атланта. Се беше позитивно, а 19-годишниот Израелец успеа да ги импресионира присутните. Не само тоа дека Авдија е добар, туку раководството на Вориорс било воодушевено по состанокот со него. Го сметаат за одлично дете со неверојатна работна етика“, пишуваат американските медиуми. 

За синот на Зуфер Авдија се прогнозираше дека ќе биде меѓу петти и десетти пик, но како стојат работите доколку Голден Стејт се одлучи да го избере тој на годинашниот драфт ќе биде избран како трет пик.

Се вчитува...