Ливерпул остана без победа и на вториот премиерлигашки меч сезонава откако „црвените“ едвај стигнаа до 2-2 на „Енфилд роуд“ против Нотингем, меч на кој гостите два пати водеа, а домашниот тим спаси бод преку новото засилување Муњоз.
Екс-капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард, во улога на ТВ-аналитичар се осврна на настапите на Ливерпул на стартот од сезонава, јасно ставајќи до знаење што му недостига на неговиот поранешен тим.
„Го гледате Ливерпул како игра и веднаш гледате дека се многу фини. Технички потковани, сакаат да играат, дури и премногу фини, бидејќи немаат деструктивец, човек што ќе добива дуели и ќе ја освојува топката на средината на теренот. Ако сум јас тренер или управа, би ми било јасно дека тоа е проблемот број 1 што мора да се реши што поскоро. Минатата седмица можеа и да победат со Њукасл ако покажеа повеќе жар, желба за борба, стартови во вистински момент. Реалноста е дека Ливерпул има голем број добри техничари, врвен талент, но не се победува само со талент, ти треба и некој што ќе ја врши нечистата работа за остатокот од тимот“, истакна Џерард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
