Стивенс е прва финалистка во Мајами

Прва финалистка на турнирот во Мајами е Американката Слоун Стивенс, која вечерва по голема битка славеше над Викторија Азаренка со 2-1 во сетови.

Азаренка го доби првиот сет со 6-3, имаше и 2-0 во вториот, но Стивенс потоа целосно доминираше, освои десет гејма во низа за водство од 0-4 во решавачкиот сет и конечна победа од 1-6.

Американската тенисерка за противничка во финалето ќе ја има победничката од дуелот Остапенко – Колинс.

Се вчитува...