Стоилов: Клучно е да го вратиме духот што ја красеше Македонија во Загреб

ЕКИПА на ЕП во Хрватска, 

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Македонија е подготвена за нова битка со Чесите, ривал со кого многу добро се познаваме играјќи бројни натпревари низ годините. Последниот дуел ја донесе и најубедливата победа на Македонија, изразена со дури тринаесет гола разлика (33-20), но на сите наши ракометари им е јасно дека овојпат задачата ќе биде многу, многу потешка.

Добро се подготвуваме за Чешка, но и добро знаеме што не очекува. Да бидеме искрени, знаевме што да очекуваме и против Шпанија, но сите видовте како испадна на крајот. Повредата на Кире е шок за сите, нормално дека дали ќе игра тој или не прави голема разлика. Искрено се надевам дека ќе настапи, но доколку тоа не биде случај верувам дека во своите редови имаме квалитетни и искусни ракометари за да го понесеме тој товар. Клучно ќе биде да го вратиме тој дух што ја красеше нашата селекција во првата рунда, да се враќаме навреме, да играме поагресивно во одбраната и да сториме се за да победиме. Едно е сигурно, онаа победа од 13 гола во јуни не значи ништо, ова ќе биде сосема поинаков меч, поголем предизвик за нас“ – истакнува Стојанче Стоилов во пресрет на денешниот дуел.

Се вчитува...