Стоилов: Многумина се откажаа од нас, но еве сме трети во најсилната група

Вардар го совлада Монпелје во последното коло од групниот сегмент во Лигата на шампионите и на крајот се пласираше на третото место. Ја загуби втората позиција во директната битка со Веспрем, но капитенот Стојанче Стоилов вели дека „Вардар е жив“.

„Мислам дека никој не очекуваше дека ќе стигнеме до трето место, многумина се откажаа од нас многу порано, по заминувањето на неколку ракометари пред почетокот на оваа сезона. Но, еве сме на третата позиција во најсилната група, покажавме дека Вардар има сили и дека ова е колективен спорт. Има многу силни противници во ЛШ и ние ќе се трудиме до крајот да бидеме што е можно подобри“, изјави Стојанче Стоилов на прес-конференцијата по триумфот над Монпелје.

Се вчитува...