Стоилов: Ние сме Вардар, не се предаваме, но Барса е фаворит

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, испрати јасна порака дека „црвено-црните“ се подготвени за битка во Келн, слична на онаа од пред две години кога се искачија на врвот на ракометна Европа.

„Искрено, сеедно ми беше кого ќе добиеме за противник, бидејќи на овој фајналфор турнирот шансите на сите екипи се израмнети. Одигравме два натпревари со нив сезонава, претрпевме два порази, но нема да се навраќаме премногу на тоа. Барселона ќе биде фаворит поради претходните резултати, но ние сме Вардар и не се предаваме“ – порача Стоилов веднаш по ждребот.

Се вчитува...