Стоилов: Првото полувреме беше лажна слика поради одличниот Томовски

Капитенот Стојанче Стоилов му ја честиташе победата на Кил што е апсолутно заслужена и покрај предноста од три гола што Вардар ја имаше по првото полувреме.

Според Стоилов, главна причина за оваа предност не била одбраната на „вардарци“, туку одличните реакции на голманот Мартин Томовски.

„Честитки до Кил за заслужената победа и прикажаната игра, особено ако се знае дека тие дојдоа без двајца исклучително важни ракометари. Дојдоа до значајни три бода, а ние за жал не успеавме да стигнеме до позитивен резултат и покрај предноста во првото полувреме. Не се согласувам со тренерот дека игравме добра одбрана, во првото полувреме бевме добри само поради Томовски и неговите одбранети зицери“, истакна Стоилов.

Капитенот на Вардар потсети дека „црвено-црните“ и летово промени половина од играчкиот кадар.

Моќта на Кил е што овој тим игра заедно долги години, добро се познава.Овој наш тим не е таков, имаме нов тренер, многу нови играчи и ќе мораме да играме многу подобро во иднина. Тоа не е оправдување за овој пораз, имаме три неуспеси во низа, мораме да дојдеме до добар резултат за да си ја вратиме самодовербата“, изјави Стојанче Стоилов.

Се вчитува...