Стоилов секогаш искрен: Сто пати се посомневавме во тактиката на Червар

mec baner

Стојанче Стоилов секогаш е максимално искрен во изјавите, па така беше и по денешната голема победа над Тунис. Пивотот одигра извонредно, постигнувајќи седум погодоци и максимално користејќи ја промената во тактиката во „седум на шест“, за која призна дека тој и сите останати ракометари сериозно се сомневале.

Не еднаш, туку сто пати се посомневавме во таа тактика на која селекторот инсистираше. Тоа е таков стил на игра, кој тешко се игра, а уште потешко се брани, ние напорно го трениравме во изминатиот период и гледаме дека вроди со плод. Мора да бидеме горди поради карактерот и прикажаната игра. Загубивме од Тунис во Гдањск, ова беше добар реванш, мислам дека колективноста и борбеноста што ни недостигаше во Полска сега беше на највисоко ниво. Таму беше очигледно дека ни се неопходни промени, сега кога тие се случија е очигледно дека оваа репрезентација поседува квалитет и може да победува силни ривали“ – изјави Стоилов на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...