Стоилов: За мене секогаш ќе биде Македонија!

Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец и капитен на Вардар, Стојанче Стоилов кој е познат по цврстиот став за непромена на името на нашата држава по денешните случувања во Парламентот и донесената одлука за Уставни измени со кои е овозможено преименувањето во Северна Македонија жестоко реагираше на социјалните мрежи.

„Ментално нестабилни сме сите во државава што дозволуваме вака да ни прават! Срам да ни е на сите! За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА“ – напиша Стоилов.

Стоилов предизвика бура кога на доделувањето на наградите за најдобар спортист на Македонија ја напушти манифестацијата поради тоа што дел од говорниците се обратија и на албански јазик.

Пикерот денеска беше еден од хероите во победата на македонскиот национален тим во првиот натпревар од Светското првенство, беше прогласен и за играч на натпреварот.

 

Се вчитува...