Стојан Ѓуроски ја победи короната и се враќа во акција

Македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски го прележа коронавирусот, се врати во транажен процес и веќе во недела се очекува да настапи на дерби дуелот против Гранада.

„Добив негативен тест на последната медицинска проверка. Веќе почнав со тренинзи, и тоа е во овој момент најдобрата можна вест која можев да ја добијам. И претходно немав симптоми, но поради позитивниот тест морав да останам во изолација, и без тренинзи со екипата, но и оние предвидени настапи за нашиот национален тим во Талин, кои за жал, не ги одигравме. Ни претстои важен и тежок натпревар, против екипата на Гранада. Тие се на втората позиција во нашата група, со една победа помалку во однос на нас. Натпреварот се игра во недела, значи ќе имам уште некој ден плус за подготовка. Ќе видиме како сето тоа ќе функционира. Најважно е да ја продолжиме серијата на победи кои и нè донесоа на првото место во групата“ – изјави нашиот репрезентативец.

Тимот на македонското кирло, Аликанте е единствениот тим во Втората шпанска лига без пораз, со скор шест победи по исто толку натпревари. Затоа победата над второпласираната Гранада ќе биде од големо значење за создавања на комфортна разлика врвот на табелата „Б“.

Се вчитува...