Стојановиќ: Го загубивме мечот на физички план, сакав да заменам шестмина на полувремето

Летонија дојде во Скопје да остане непоразена, но селекцијата на Славиша Стојановиќ не успеа да го издржи притисокот што го создаде офанзивата на македонскиот национален тим. „Црвено-жолтите“ славеа со 3-1, а селекторот на Летонија вели дека гостите паднаа на физички план.

„Имавме многу лошо прво полувреме, Македонија поведе брзо со 2-0, а ние паднавме на физички план и лесно го загубивме мечот. Пред крајот постигнавме погодок, можеби и добивме мала надеж да останеме непоразени, но за жал тоа не беше доволно за да освоиме бод. Искрено, на полувремето сакав да заменам дури шест фудбалери, но не можев да употребам толку замени“, изјави Славиша Стојановиќ по поразот од Македонија.

Се вчитува...