Стојановиќ: Со уште две засилувања, Охрид ќе атакува на висок пласман во шампионатот

Тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ, е генерално задоволен од одиграните натпревари на неговиот тим на турнирот „Струга 2020“.

Охриѓани во натпреварот за третото место од Металург, но Стојановиќ смета дека сето тоа е само поради малиот фонд на ракометари во тимот. Според стратегот на Охрид, со уште две засилувања во јануари, охриѓани во пролетниот дел од сезоната ќе атакуваат на висок пласман во домашниот шампионат.

„Ракометарите одиграа супер четири натпревари на турнирот во Струга. Во борбата за третото место со Металург се соочивме со хендикеп поради повредата на Иван Тасески и неколку ситни повреди на другите ракометари. Одигравме перфектно прво полувреме во кое имавме предност и од четири погодоци. Малиот фонд на ракометари во второто полувреме си го направи своето и Металург стигна до победата и третото место. Ние со две засилувања во јануари можам да кажам дека ќе бидеме конкуретни и ќе атакуваме на што повисок пласман во македонскиот шампионат“ – вели Стојановиќ.

Се вчитува...