Стојановски: Победата на Украина не е заслужена

Помошникот тренер Роберт Стојановски, кој ја водеше Македонија на натпреварот со Украина ги искажа своите имшресии од поразот вечерва.

Стојановски кажа дека победата на Украина не е заслужена, и дека како хендикеп гледа тоа што првенството во Македонија завршува многу порано, и има голема пауза до натпреварите.

„Да им честитам на гостите, победата не им баш е заслужена. Две различни полувремиња, каде што нашиот менталитет се покажа. Очигледно овој термин не ни одговара, каде што првенството ни завршува порано. Во вториот дел физичкиот дел ни направи сериозни проблеми, и на тоа се должи падот на играта“, рече Стојановски.

Предводникот на нашиот национален тим вечерва смета дека за вакви натпревари се потребни играчи кои ќе играат во клубовите, а Македонија во моментов ги има многу малку.

„Самите сте свесни дека да се одигра ваков натпревар на вакво ниво, се потребни играчи кои играат во клубовите, за жал ние во овој период, и покрај тоа што имаме квалитетни играчи не добиваат минутажа, и тоа влијаеше. Мислам дека беше очигледно, но тоа е што тоа е, ние се подготвуваме, мислите ни се веќе за следниот меч во понеделник и се надевам дека ќе се кренеме. После црвениот картон на Муслиу сигурно ќе има промени во тимот. Имаме проблеми и во нападот со отсуствата на Миовски, Етеми, Чурлинов и тоа беше евидентно и вечерва. Но, тоа е што е, веруваме во поволен резултат со Англија, без разлика што играме со фаворитот во групата“, рече Стојановски.

Се вчитува...