Стојановски за малку без медал во второто олимписко финале

Македонскиот пливач Андреј Стојановски, прoдолжува со успешните настапи на Олимписките игри за глуви што се одржуваат во Самсун, Турција. За два дена нашиот олимпиец настапи во две финалиња, а во второто за малку не стигна и до медал.

Во финалето на 400 метри мешано Стојановски заврши на четвртото место со време од 4:51.32 минути. Олимписки шампион во оваа категорија стана Јапонецот Фуџиара (4:28.49), сребрениот медал го освои Оботин од Русија (4:28,66), а на третото место на подиумот заврши уште еден пливач од Јапонија, Ибара кој заврѓши пред Стојановски со време од 4:31.67.

Претходниот ден, Андреј Стојановски настапи во финалето на 400 метри слободно и заврши на 5.место во оваа дициплина.

Последниот настап на Олимписките игри во Самсун, македонскиот претставник ќе го има на 24 јули во трката на 1.500 метри слободно.

Се вчитува...