Стојчев и Стојановска победници на Телеком Мастерс турнирот во пинг-понг (ФОТО)

Изминатиов викенд во Струмица се одржапрвиот Телеком Мастерс бодовен турнир за оваа година во конкуренција сениори/ки помлади од 21 година.

На турнирот во машка конкуренција триумфираше Дамјан Стојчев, додека кај девојките најдобра беше Ана Стојановска од ППК Крива Паланка.

ПЛАСМАН – Мажи

  1. Дамјан Стојчев – ППК Шампион Фа
  2. Александар Јакимовски- ППК Крива Паланка
  3. Теодор Волкановски – ППК Крушево и Лука Стојчев – ППК Шампион Фа

ПЛАСМАН – Жени

  1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
  2. Изабела Ковачовска – ППК Берово
  3. Васе Богоеска – ППК Крушево и Софија Хасану – ППК Крушево

Во Струмица се одржа и првото Државно првенство за 2022 година во категорија кадети/ки помлади од 15 години. На првенството учествуваат околу 40 млади пингпонгари од Македонија.

Кај момчињата во тесна борба победи Лука Стојчев член на екипата ППК Шампион Фа од Штип.

  1. Лука Стојчев – ППК Шампион Фа
  2. Александар Јакимовски – ППК Крива Паланка
  3. Андреј Стојановски – ППК Крива Паланка и Лука Дворник – ППК Рисови

Кај девојките изненади малата Фани Јовановска од ППК Крушево која со само 13 години го освои ова државно првенство.

  1. Фани Јовановска – ППК Крушево
  2. Изабела Ковачовска – ППК Берово
  3. Моника Стајковска – ППК Берово и Матеја Смолиќ – ППК Рисови

Се вчитува...