Стојчевски ја оштети Брегалница: Недосуден очигледен пенал кој влијаше на резултатот! (ВИДЕО)

Брегалница беше многу блиску до победата на денешниот натпревар од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига против Струга ТЛ во Штип, но по бројните промашувања на штипјани на крај стружани казнија во 88. минута со голот на Хоган за победа од 0-1.

Голманот на стружани Ќошевски ги спасуваше гостите во поголемиот дел од мечот. Во 17. минута Додев имаше извонредна можност но неуспешно покрај левиот дирек, потоа во 22. минута Николов од идеална позиција не успеа да погоди, а во 31. минута Кошевски извонредно го одбрани шутот на Ѓокиќ од само 12 метри. Во второто полувреме убави шанси имаа и Алтипармаковски и Борха Кордоба, а во 56. минута при една крајно сомнителна ситуација и игра со рака на гостите во сопствениот шеснаесетник главниот судија сепак не покажа удар од белата точка.

Од таборот на Брегалница се револтирани од делењето на правдата на главниот судија Игор Стојчевски кој не досуди очигледен пенал во 56. минута по акцијата на Кордоба… Одлука која очигледно влијаеше на целокупниот тек на натпреварот и крајниот резултат во Штип.


Но, за „сините“ е крајно симптоматично и што истиот судија во континуитет суди на штета на ФК Брегалница.

„Крајно зачудувачки е што истиот судија во финишот на минатата сезона 2021/22, пак, значително ја оштети Брегалница со измислено досуден пенал против „сините“ на натпреварот од 27. коло со Македонија ЃП во Ѓорче Петров кога само поради неговата одлука беше „украдена“ победата на ФК Брегалница. Која е причината за ваквиот однос на судијата Стојчевски кон ФК Брегалница, кој во континуитет сега и очигледно ја дели правдата на штета на „сините“!?“ – велат во својата реакција од ФК Брегалница.

Од ФК Брегалница реагираат и за игнорантскиот однос на Стојчевски по акцијата на Дарко Додев кој изби осамен пред голот на Струга ТЛ, но не беше досуден ниту прекршок ниту опомена со картон за противничкиот дефанзивец.

Се вчитува...