Стојчевски ќе суди во Албанија во младинската ЛШ

Македонски судии ќе ја делат правдата на дуел од младинската Лига на шампиони кој се игра во Елбасан утре помеѓу екипите на Фудбалска Академија од Албанија и Септември Софија од Бугарија.

Игор Стојчевски ќе биде главен судија, додека помошници ќе му бидат Гоце Петрески и Слаѓан Маркоски.

Првиот меч заврши со победа на бугарскиот тим со 0:3.

Дуелот се игра на Елбасан Арена во 14:30 часот.

Се вчитува...