Македонија Ѓорче Петров и АП Брера утре во 14 часот ќе го отворат 9. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Фудбалерот на „лавовите“ Кристијан Стојкоски вели дека иако не се на посакуваното ниво, мора да покажат дека двете куп титули не се случајни.
„Не сме на посакуваното ниво, но мораме да покажеме дека не се случајни двете последователни куп титули. Утре ќе го дадеме максимумот пред нашата публика, ја почитуваме Брера но утре немаме друг избор освен победа“, изјави Стојкоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА