Столе Димитриевски и Рајо растурени од „фенерџијата“

Нецела недела откако во одличен меч ја победија големата Барселона, фудбалерите на Рајо Валјекано тотално потфрлија на гостувањето против „фенерџијата“ Елче, губејќи со убедливи 4-0. Последниот тим на табелата му создаде многу проблеми на тимот на Рајо, кој со денешниот пораз се чини и дефинитивно отпадна од трката за излез во фудбалска Европа за наредната сезона.

Клучен момент на натпреварот беше 27. минута во која Лежен доби црвен картон, по што целосно се променија случувањата на теренот. Елче тргна похрабро кон голот на Столе Димитриевски, пред крајот на првото полувреме успевајќи и да постигнат водечки гол преку Моренте.

Победникот беше целосно решен за две минути во второто полувреме, откако Елче постигна гол за 2-0 во 52. минута преку Боје, а нецели 60 секунди подоцна веќе беше 3-0, со погодокот на Фидел.

Мизеријата на Рајо продолжи во 72. минута, кога Гумбау одлично се снајде и го матираше Димитриевски за уште поубедливи 4-0.

Се вчитува...