Столе Димитриевски и Рајо Ваљекно не ја сочуваа успешната серија без пораз, во последната минута загубија од Осасуна

Голманот на Македонската репрезентација, Столе Димитриевски не успеа со својот Рајо Ваљекно да ја продолжи успешната серија без пораз, па овој пат на гости загубија од Осасуна со резултат од 1-0.

Нашиот голман очекувано и овој пат беше прв избор меѓу стативите на Рајо Ваљекано, но неговите соиграчи не покажа добра игра во средината и нападот.

Сепак, покрај лошата игра и среќата не беше на страната на Рајо, па кога се мислеше дека овој натпревар ќе заврши без победник, на сцена стапи Ману Санчез, кој успеа да постигне одличен гол и да го совлада нашиот голман буквално во последните минути од овој натпревар.

Со оваа победа Осасуна го претекна Рајо Ваљекано и се смести на 5-та позиција со освоени 14 бода, додека Рајо Ваљекано падна на 6-то место со 13 бода.

Се вчитува...