Столе Димитриевски позитивен на Ковид-19

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е позитивен на Ковид-19, пренесуваат шпански медиуми блиски до Рајо Ваљекано.

„На тестовите реализирани од страна на клубот е утврдено дека има позитивен на коронавирусот“ – потврдија претходно и од Рајо Ваљекано.

Димитриевски во моментов е во домашна изолација без никакви симптоми, пренесува „Унион Рајо“.

Бидејќи веќе извесен период е во изолација, согласно протоколите од Државниот здравствен инспекторат на Шпанија за него остануваат уште неколку денови надвор од тимот. Согласно информациите во сабота, по 14 изминати дена во изолација, Димитриевски го очекува нов тест кој доколку биде негативен ќе значи и негово враќање на тренинзите на клубот.

Се вчитува...