Столе Димитриевски „позитивен“ за Македонија, „негативен“ за Рајо

Столе Димитриевски нема да може да му помогне на македонскиот национален тим на утрешниот квалификациски натпревар против Ерменија, откако пред два дена беше обелоденето дека тој се уште е позитивен на коронавирус.

И тука немаше да има ништо чудно доколку денеска на официјалната веб-страница на Рајо Валјекано не се појавеше фотографија од македонскиот голман на утринскиот тренинг на второлигашот.

„Димитриевски тренираше „алтернативни вежби“ на трева“, кратко информираа од Рајо за подобрената состојба на голманот, кој 48 часа претходно беше позитивен и на вториот тест од Covid-19.

Останува да се види дали селекторот Ангеловски ќе се реши дополнително да го повика Димитриевски за вториот меч од Лигата на Нации, што „црвено-жолтите“ ќе го играат на 8 септември во Грузија. Вака излегува дека Столе Димитриевски е „позитивен“ за Македонија, а „негативен“ за Рајо Валјекано…

Се вчитува...