Столе Димитриевски во Рајо Ваљекано до 2022 година

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го продолжи договорот со шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано до 2022 година. Тој стави потпис за продолжување на соработката по одличните настапи во Ла Лига оваа сезона. Тој дојде ова лето како позајмен играч за една сезона од Гимнастик, но веднаш се докажа и доби договор до 2022 година.

Димитриевски ја дочека и ја грабна својата шанса да биде стартер во составот на Рајо Ваљекано и брани одлично, а тимот забележа четири победи на последните пет меча.

Раководството на клубот и тренерот Мигел Анхел Санчез Муњоз се задоволни од настапите на Столе Димитриевски и одлучија да му понудат нов перманентен договор до 2022 година.

Се вчитува...