Столе го чува Рајо: Македонецот одбрани два зицери на Реал, без голови на полувремето (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец голман Столе Димитриевски го чува голот на својот Рајо Ваљекано, најзаслужен за крајот на првото полувреме без голови на гостувањето против Реал Мадрид во 12. коло од Ла Лига.

Димитриевски одбрани два зицери на домашните, не дозволувајќи погодок на големиот фаворит во својата мрежа.

Уште на самиот старт Реал имаше шанса да поведе кога во 6. минута Федерико Валверде искористи една грешка на одбраната на Рајо и излезе „еден на еден“ со Димитриевски, меѓутоа македонскиот чувар на мрежата со извонредна интервенција спречи погодок.

Во 39. минута и Жоселу од непосредна близина имаше 100% шанса, но Димитриевски со неверојатна интервенција спречи гол за „кралевите“.

Се вчитува...