Столе не брани, Рајо не може никого да победи во Ла лига

Рајо Валјекано забележа шести пораз во низа во шпанската Ла лига откако денеска беше совладен на гостински терен кај Кадиз со 2-0 во натпревар од 27. коло. По одличниот старт на сезоната клубот од главниот град на Шпанија некој период не може ништо да добие, а се почна од стартот на сагата со заминувањето на нашиот голман Столе Димитриевски.

Репрезентативниот чувар на мрежата на Македонија и овој натпревар го помина на клупата за резервни фудбалери, а неговото место во стартниот состав го зема Зидан кој повторно прими два гола.

Алкараз во 55. минута донесе водство од 1-0 за домаќините, додека конечните 2-0 ги постави Идризи во 63. минута.

 

 

Се вчитува...