Столе се обиде смешно да изнуди црвен за Винисиус Жуниор, па го изнасмеа Бразилецот… (ВИДЕО)

Очекувано тензично заврши синоќешниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Рајо Ваљекано во 12. коло од Ла Лига, во кој на крајот херој беше македонскиот голман Столе Димитриевски кој е најзаслужниот за ремито без голови на Рајо.

Но, во финишот на мечот, кога и растеше нервозата меѓу играчите на „кралскиот клуб“, дојде до конфликт меѓу Димитриевски и еден од најдобрите фудбалери на Реал, Винисиус Жуниор.

Бразилецот се обиде да оттурне една прифатена топка од рацете на македонскиот голман, Димитриевски очекувано не го дозволи тоа во обидот за задржување на времето, но во меѓувреме се обиде да одглуми и удар од страна на Винисиус како би изнудил втор жолт картон и исклучување за фудбалерот на Реал.

Сето тоа потоа предизвика и мини-конфликт и мешаница меѓу играчите на двата тима. Но, судијата беше во близина и јасно виде дека Димитриевски се обиде да одглуми удар од Винисиус, па на крај македонскиот голман беше тој кој доби жолт картон за лошата глума.

Столе Димитриевски на крајот беше прогласен и за играч на натпреварот, без сомнение, убедливо најзаслужниот што Рајо Ваљекано извлече бод против големиот фаворит.

Се вчитува...