Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Столе Димитриевски по ситната повреда која ја заработи на мечот против Италија, поради која мораше да го пропушти дуелот против Малта се врати меѓу стативите за својот Рајо Валјекано.
Тој и неговиот соиграчи во првиот меч од 5. коло во шпанската Ла лига славеа на домашен терен против Депортиво Алавес со 2-0.
Водство од 1-0 за домаќините донесе Палазон во 43. минута, додека конечните 2-0 беа дело на Де Фрутос во 82. минута.
Rayo Vallecano 1-0 Alaves – Isi Palazon penalty 43′pic.twitter.com/yU1BsmyTfj
— GoalRushHQ (@GoalRushHQ) September 15, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА