Легендарниот македонски ракометар Стојанче Стоилов денеска ја имаше првата прозивка со Бутел, со што и официјално стартуваше првиот самостоен тренерски ангажман на легендарниот пивот.
Стоилов една година беше надвор од клупскиот ракомет откако претходно неколку сезони беше дел од стручниот штаб на Вардар, но реши да си замине минатото лето. Во меѓувреме тој имаше неколку понуди, за на крајот да го избере Бутел, тим што квалитативно е далеку зад „големата четворка“, но исто така и клуб што најавува дека акцент во наредниот период ќе биде ставен на младите играчи.
Стоилов го имаше првиот тренинг со новиот тим, а од Бутел најавуваат дека екипата допрва треба да се комплетира и да го добие финалниот изглед. „Бутелци“ ќе бидат дел од турнирите во Струга (12-15 август) и Прилеп (20-23 август) и ќе има квалитетни проверки за новата сезона, во која стартува на домашен терен против Младост Богданци на 5/6 септември.
Ова лето Бутел се засили со голманите Богдановски и Чаневски, левите крила Аврамовски и Симоновски, како и бековите Ѓорѓески, Аксентиев и Стаменковиќ. Нови договори беа потпишани со Каевски, Јаневски, Зенговски, Спасовски, Михајловиќ, Тодески…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
