Стоп од Венгер: Санчез и Озил не си одат од Арсенал

Алексис Санчез и Месут Озил ќе останат во Арсенал до крајот на оваа сезона, откако Арсен Венгер најави дека нема да ги продаде двајцата клучни фудбалери и да ја искористи последната можност да заработи нешто на чилеанскиот офанзивец и на германскиот плејмејкер.

Барселона најави зимска офанзива за Озил, Реал Мадрид подготви 30 милиони евра за Алексис Санчез, но на Венгер му е јасно дека ако овие двајца фудбалери си заминат шансите за влез во ЛШ ќе се сведат на теорија.

„Озил и Санчез се наши фудбалери и се додека играат за нас ќе даваат се за овој клуб. Не гледам како овој мој став би се променил“ – изјави Венгер.

Ова би значело дека двајцата фудбалери ќе останат до крајот на сезонава, по што како слободни играчи ќе си заминат од „Емирати“. Жозе Мурињо веќе преговара за да го доведе Озил како слободен играч во Манчестер јунајтед, додека за Санчез се шпекулира дека веќе ги има договорено детали за наредното лето без никаква отштета да замине во Манчестер сити.

Се вчитува...