Џенова е екипата што прва успеа да му земе бод на Јувентус во „Серија А“ сезонава откако тимот на нашиот Горан Пандев по голема битка ремизираше 1-1 на гостувањето во Торино.
Јуве делуваше сигурно на патот до деветтата победа во низа кога Кристијано Роналдо рутински погоди за 1-0, но шокот се случи во вториот дел, кога одбраната на „старата дама“ за момент заспа, гостите набрзина изведоа корнер и преку Беса стигнаа до израмнување.
Алегри фрли се на една карта во завршницата, во игра влегоа Коста, Дибала и Бернардески, но Јуве сепак не успеа да постигне втор гол. Пандев влезе во игра во 85. минута и пет минути подоцна доби жолт картон, но најважно сепак е што Џенова успеа да остане непоразена на најтешкото гостување во „Серија А“.
1st Goal of Ronaldo?? pic.twitter.com/ACyeZ4JtXH
— Cristiano Ronaldo (@G0AT_CR7) October 20, 2018
| GOAL! |
Daniel Bessa gets it for the away side – the perfect #Juve record is in doubt!
@juventusfcen 1-1 @GenoaCFC pic.twitter.com/twdHbD4cy8— Eleven Sports (@ElevenSports_UK) October 20, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА