Страхил Николов: Чест е да се биде дел од репрезентацијата, сакаме барем една победа

Страхил Николов сезонава имаше серија добри партии во дресот на ТФТ, што беше причина младиот кошаркар да биде повикан и од селекторот Драган Бајиќ за завршните две средби од квалификациите за СП.

Овој 21-годишен кошаркар максимално мотивиран ќе ги дочека претстојните дуели со Шпанија и со Украина, со надеж дека „црвено-жолтите“ ќе успеат да стигнат до барем една победа и да го обелат образот во овој квалификациски циклус.

„Првпат сум повикан, оттука можам да кажам дека е чест и задоволство што сум дел од овој тим, и да ветам дека ќе се обидам да се покажам во најдобро светло, и да помогнам, колку што можам сите заедно, во овој циклус да дојдеме барем до една победа. Би рекол дека поголеми се шансите да го направиме тоа во дуелот со Украина, затоа што сепак, Шпанија е нешто друго. Но како и да е, ќе се обидеме и со Шпанија да одиграме најдобро што можеме“, изјави Страхил Николов.

Се вчитува...