Страхиња Крстевски од Црвена Звезда на позајмица во Работнички

Македонскиот прволигаш Работнички успеа да доведе квалитетно засилување една седмица пред почетокот на новата сезона во Првата фудбалска лига. На едногодишна позајмица во клубот од Дебар Маало доаѓа Страхиња Крстевски, напаѓач на српскиот првак Црвена Звезда. Тој има 22 години, роден е во Нови Сад, но има македонско потекло и има играно за младите селекции на Србија и на Македонија.

Крстевски оваа година потпиша тригодишен договор со Црвена Звезда, беше на позајмица во Графичар, а следната сезона ќе ја мине во Работнички.

Се вчитува...