Страхиња Миќовиќ – МВП на 18. коло во Прва лига (ФОТО)

Последниот натпревар од 18. коло во Првата кошаркарска лига ни донесе нов рекорд по бројот на постигнати поени во сезоната 2022/23 откако МЗТ Скопје славеше на гостувањето во „Шабан Трстена“ против новалијата Чаир 2030 со 79-113, но истиот натпревар ни го донесе и најкорисниот играч на колото.

Тоа е Страхиња Миќовиќ кој го предводеше актуелниот шампион со 24 поени при реализација 8/13 од поле со 6/8 во обидите за три поени. Србинот притоа оствари и 7 скока, 2 асистенции, 2 украдени топки, еден блок, натпреварот го заврши и без загубена топка па оствари фаворизација 31.

Се вчитува...