Страшен инцидент уште на стартот во Монако: „Здробен“ болидот на Перез (ВИДЕО)

Тежок инцидент се случи уште во првиот круг на трката во Монте Карло за Големата награда на Монако, судир по кој комплетно беше уништен болидот на Серхио Перез.

Кевин Магнусен непотребно се обиде успешно да го мине „теснецот“ на стартот од трката премногу ризикувајќи при што навлезе во патеката на движење на Перез чиј болид најтешко мина, но за среќа Мексиканецот помина без повреди.

Во инцидентот кој го зафати и Нико Хилкенберг, болидот на Перез беше уништен а веднаш беше истакнато црвеното знаме.

Трката беше во прекин еден час, а потоа следеше успешен втор старт по кој Шарл Леклерк успешно стартуваше и ја чува водечката позиција стекната од квалификациите.

Се вчитува...