Изборите за нов претседател на Барселона се ближат, а Жоан Лапорта по една деценија сака да се врати на чело. Тој е единствениот од последните пет водечки луѓе на клубот кој го помина целиот мандат на функцијата.
Ако го изберат, Лапорта најавува дека ќе има доволно време да ги донесе Депај и Гарсија на крајот на јануари. Капитенот на Лион е прва „мета“, а овде е и младиот стопер кој е дете на каталонскиот клуб, но потоа замина во Манчестер Сити. Неговиот договор истекува во јуни, како и на Депај, а Лапорта верува дека и двајцата ќе пристигнат шест месеци порано.
Но, тоа не е се. Жоан го сака Ектор Бејерин од Арсенал, уште еден поранешен кадет на „Ла Масија“, кој пред девет години отиде во Лондон. Но, Бејерин ќе биде играч за кој ќе се размислува на лето, како и за уште двајца фудбалери, од кои „страста“ на навивачите ќе се зголеми.
Едниот е Давид Алаба, чиј договор со Баерн истекува, тој бара многу пари, но Лапорта е убеден дека ќе успее да постигне договор и да го донесе Австриецот кој може да игра лев бек и стопер во каталонскиот клуб.
„Шлаг на тортата“ треба да биде Халанд. Со доаѓањето на Лапорта, значително се зголемуваат шансите Норвежанецот да биде новата „деветка“ на клубот, затоа што Жоан е пријател на Рајол кој ќе знае како да го насочи Норвежанецот кон Каталонија.
За потсетување, Жоан Лапорта го создаде веројатно најсилниот тим во историјата на Барселона. Тој како претседател на клубот освои европски титули, ги донесе Роналдињо и Рајкард, му даде шанса на Гвардиола и со сигурност е најдобриот претседател во последните децении на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА