Страшен судир на Мик Шумахер (видео)

Мик Шумахер се подготвува за преселба во Формула 1, но младиот Германец имаше сериозен инцидент на денешната трка од Формула 2, откако еден од ривалите со болидот за момент се качи врз болидот на Шумахер.

Синот на прославениот Михаел Шумахер делуваше шокирано од инцидентот (на радио-врската се слушна “Зошто овој се удри во мене“), но за среќа мина без посериозни последици. Суперталентираниот возач моментно е лидер во Формула 2 шампионатот, со 14 поени предност во однос на Британецот Калум Илот.

Мик Шумахер во следната сезона ќе се пресели во Ф-1, како член на тимот на Хас, каде за тимски колега ќе го има Русинот Никита Мазепин.

Се вчитува...