Атлетскиот митинг во Колорадо во САД заврши трагично. Фрлач на кладиво ја проби заштитната бариера и погоди и усмрти 57-годишен маж кој седел на трибините на митингот.
Вејд Лангстон видел дека кладивото лета кон него и неговото семејство кое седело на трибините. Веднаш скокнал да ги заштити своите деца, но не успеал да се спаси себе си, па кладивото го усмртило. Според извшетаите од САД, на Лангстон веднаш му е пружена прва помош, но немало спас. Починал веднаш на лице место.
Организаторите на митингот изјавија дека сите потребни служби биле присутни, но неговата смрт не можела да се избегне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА