Страшна вест ја потресе Србија: Се самоуби 16-годишна кошаркарка на Партизан

Трагична вест ја потресе Србија и спортскиот свет во земјата попладнево. Млада кошаркарка на Партизан, Милица Мркела, која наскоро требаше да наполни 16 години, пронајдена е денеска обесена во својот дом.

Мркела која беше и младинска репрезентативка на Србија, со самоубиството приреди вистински шок во јавноста, но и кошаркарските кругови.

„Таа беше иднината на нашата кошарка. Во Партизан дојде со 14 години и веќе се стекна со статус и на првотимец и репрезентативец. Беше еден од нашите најголеми таленти, позитивна и омилена. Навистина сме затекнати и шокирани од нејзината смрт“ – изјави за српските медиуми, претседателката на Партизан, Бојана Јанковиќ.

Се вчитува...