Страшна вест од Србија: Почина кошаркарот Стеван Јеловац

Страшна вест ја потресе кошаркарска Европа вечерва откако српскиот кошаркар Стефан Јеловац почина губејќи ја најважната битка, откако доживеа мозочен удар за време на тренинг со својот клуб АЕК. Лекарите во прв момент го спасија неговиот живот, Јеловац во крајно тешка состојба беше пренесен во клиниката во Белград, каде денеска и официјално беше констатирана смрт на младиот спортист.

Токму грчкиот клуб прв ја објави информацијата за големата трагедија и смртта на 31-годишниот кошаркар.

„Трагедија, болка што не може да се опише. Тажна вест пристигна од Србија, нашиот борец, нашиот брат, Стеван стана ангел. Одлета кон небото“, стои на официјалната веб-страница на АЕК.

Стеван Јеловац летово пристигна во АЕК по една година мината во Јапонија. Во кариерата настапуваше за Мега, Црвена Звезда, Анталија, Казерта, Ритас, Сарагоса, Нижњи, Бамберг и Газиантеп.

Се вчитува...