Страшни сцени во Франција: Навивачите на Лил влегоа на терен да ги тепаат фудбалерите (ВИДЕО)

Немили сцени се случија на натпреварот меѓу Лил и Монпелје во францускиот шампионат. Фановите на домашниот тим влегоа на теренот по завршувањето на мечот (1-1), да се пресметаат со своите фудбалери поради нивните лоши игри и резултати во текот на сезоната. Нападнат е и тренерот Кристоф Галтие. Очигледно дека обезбедувањето и полициските сили не успеаја да си ја завршат навреме својата задача.

Лил се наоѓа на 19.позиција на табелата и се бори за опстанок во елитното француско фудбалско друштво.

Се вчитува...