Страшниот Ливерпул: Кристал Палас 90 минути не го виде шеснаесетникот на „црвените“

Ливерпул е на чекор до освојување на трофејот во Премиер-лигата за првпат по 30 години. Фановите се подготвуваат за прослава на трофејот, бидејќи по синоќешната убдлива победа над Кристал Палас од 4-0 сега им се потребни само два бода.

Екипата на Јирген Клоп вчера покажа доминација недозволувајќи му на противникот ниту еднаш во 90 минути да го види шеснаесетникот на „црвените“. Ова се случува првпат во историјата на Премиер-лигата, барем од 2008 година откако се врши мерењето. Ливерпул до титулата може да дојде уште вечерва доколку Манчестер Сити не триумфира во дербито против Челси.

 

Се вчитува...