Стравични сцени: Тешка повреда на фудбалер на Барса по која му се заканува крај на кариера на 22 години

Младиот фудбалер на Барселона, Муса Вагуе, кој во моментов игра на позајмица во солунски ПАОК доживеа тешка повреда на натпреварот против Арис во грчкиот шампионат.

Вагуе во ПАОК пристигна пред три месеци, но сега веќе се врати во Шпанија по повредата која ја доживеа на коленото. 22-годишниот лев бек се повреди откако спаси чист гол за својата екипа, ја изби топката а потоа се заби со коленото во дирекот од голот.

Веднаш беше изнесен на носилки од теренот. За него сезоната и позајмицата во ПАОК се завршени. Се врати во Барселона каде деновиве го чека операција на коленото.

Каталонски „Спорт“ објави дека сето ова дури би можело да значи и крај на кариерата за сенегалскиот фудбалер затоа што се работи за исклучително тешка повреда од која тешко може да се вратите во вистинската професионална фудбалска форма.

Се вчитува...