Стрелците заспани, без голови и во Ливерпул и во Лион

Двете вечерашни средби од Лигата на шампионите не ги оправаа очекувањата, откако и на „Енфилд“ и на „Жерлан“ не беше постигнат ниту еден погодок.

Ливерпул и Баерн водеа тактичка битка на теренот, при што фановите не видоа ниту еден гол во мрежите на Алисон Бекер и на Мануел Нојер. Главен виновник за тоа е Садио Мане, откако фудбалерот на Ливерпул пропушти две убави шанси во првото полувреме. Баерн најубавата можност ја имаше во првиот дел, кога Матип реагираше неспретно, но неговиот удар заврши во телото на голманот Бекер и се врати во поле. Во вториот дел и двата тима повеќе внимаваа на сопствениот гол отколку на противничката мрежа, па патникот во четвртфиналето ќе се решава на реваншот на „Алијанц арена“ во Минхен.

Со идентични 0-0 заврши и вториот натпревар на вечерашната програма, пресметката меѓу Лион и Барселона. Домаќините имаат за што да жалат по подоброто прво полувреме, кога ја погодија и гредата по извонредната одбрана на Тер Штеген. Барса беше нешто подобра во вториот дел, убави шанси промашија Суарез и Алба, за неочекувани 0-0 на „Жерлан“.

Се вчитува...