Стрицова ја запре Конта

Барбара Стрицова се пласираше во полуфиналето од Вимблдон откако во денешното последно четвртфинале славеше над Јохана Конта со 7-6, 6-1. Домашната миленичка се надеваше на полуфинале против Серена Вилијамс, но денеска одигра под своите можности, немајќи одговор за одличната Стрицова. Конта беше подобра само на почетокот, прва стигна и до брејк, но Стрицова се врати и во тајбрејк го доби првиот сет. Во вториот дојде до сериозен пад во играта на Британката, по што чешката тенисерка одигра доминантно и триумфираше убедливо со 6-1.

Место во полуфиналето обезбеди и Свитолина, која триумфираше со 2-0 во сетови над Мучова. Чешката тенисерка немаше сили за ново изненадување по вчерашната елиминација на Плишкова, иако имаше водство од 5-2 во првиот сет. Свитолина со чудесен камбек го доби сетот со 7-5, по што украинската тенисерка триумфираше со 6-4 во вториот сет, за место во полуфиналето каде ја очекува пресметка со Симона Халеп.

Се вчитува...